Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари

Во близина на Штип денеска ќе биде поставен камен-темелник на Ветерниот парк, што ќе го гради компанијата „Алказар енерџи“, инвестиција вредна над 500 милиони долари што треба да отвори 630 нови работни места.
На почетокот на изградбата на најголемиот ветерен парк во Македонија, ќе присуствуваат и ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски и ко-основачот и управувачки партнер на „Алказар енерџи“ Даниел Калдерон.
Ветерниот парк, кој е најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот, ќе биде лоциран меѓу Штип, Карбинци и Радовиш на површина од околу 326 хектари.
Предвидено е да има 55 ветерници кои ќе произведуваат електрична енергија со која ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства.
Реализацијата на проектот, како што истакнуваат од „Алказар енерџи“, ќе донесе бројни придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните, создава трајна вредност за државата и отвора голем потенцијал за понатамошен развој.
Ветерниот парк претставува и значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Руте: Не ги гледам САД како го напуштаат НАТО
-

Сончево со мала до умерена облачност
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
