Почнува пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи на граѓани
Преку веб страницата - vakcinacija.mk, денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, информираат од Министерството за здравство.
- Со цел да се обезбеди заштита кај поголем број лица од сезонски грип, оваа година Министерството за здравство ја зголеми количината на набавени вакцини, при што се набавени 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација, се наведува во соопштението од МЗ.
Со бесплатна вакцинација, како што посочуваат од Министерството за здравство ќе бидат опфатени следните ризични групи:
- Стари лица (над 65 години)
- Лица со хронични заболувања
- Здравствени работници
- Бремени жени
- Децата на возраст од 6 месеци до 5 години
- Лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.
- Вакцинацијата се планира да почне да се спроведува во втората половина на месец октомври. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи, велат од Министерството за здравство.
Оттаму посочуваат дека со пополнување на апликацијата граѓаните се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин.
-Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате, се додава во соопштението.
Граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrW...
Ново на Сител
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
