Почнува првото судење за воено злосторство на руски војник во Киев
Почнува првото судење за воено злосторство на руски војник во Киев, а проруски сепаратисти најавуваат дека судот ќе одлучува за судбината на украински бранители од челичарницата Азовстал, јави Би-би-си.
Вадим Шишимарин, кој има 21 година, е обвинет за убиство на невооружен цивил во првите денови од руската инвазија на Украина. Шишимарин може да добие доживотен затвор.
Според обвинители, Шишимарин бил во украдено возило со други војници во североисточниот регион Суми, кога наишле на 62-годишен велосипедист, кој држел мобилен телефон.
Наводно, на Шишимарин му било наредено да пука во цивилот, со цел да го спречи да ја открие нивната локација на украинските бранители.
– Со ова прво судење, праќаме јасен сигнал дека секој извршител, секое лице што наредило или помогнало во вршење на злосторство во Украина, нема да избегне одговорност, изјави главната обвинителка Ирина Венедиктова.
Кремљ тврди дека нема информации за судење на руски војник и го обвинува Киев за измислување обвиненија.
Украина информираше за идентификувани илјадници потенцијални воени злосторства што ги извршила Русија. Москва негира дека цели на цивили.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра