Почнува со работа Системот за брзо информирање за небезбедна храна

Од денеска почнува со работа Системот за брзо информирање и управување со небезбедна храна, храна за животни и материјали кои доаѓаат во контакт со храна, изработен по моделот на европскиот Rapid аlert system for food and feed (RASFF).
Врз основа на овој систем инспекциските служби брзо реагираат, а ако треба да се повлече некоја небезбедна храна и да се направи брза контрола, целата процедура е експресна.
Комуникацијата и размената на податоци се одвива преку електронска пошта, а за таа намена е изработена софтверска апликација на веб-страницата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
- Системот е воспоставен како мрежа за известување за директен или индиректен ризик за здравјето на луѓето кој потекнува од храната, односно од храната за животни. Осигурува брз проток на информации во доменот на службени контроли, како и брзо и навремено преземање на потребните контролни активности и/или мерки. Неговото функционирање ќе биде основа за приклучување на Македонија кон европскиот, RASFF, во оној момент кога земјава ќе стане членка на ЕУ, вели директорот на АХВ Зоран Атанасов.
Ново на Сител
-

Макрон: Франција нема да учествува во воени операции во Ормуската теснина
-

„Кир не е Винстон Черчил“: Трамп разочаран од британската воена поддршка против Иран
-

Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за нафтоводот „Дружба“
-

Шојгу предупредува: Поради украинските дронови, ниеден дел од Русија веќе не е безбеден
-

Утре не очекува променливо облачно и посвежо време
-

Вчера четири лица лишени од слобода за семејно насилство во Скопје, Тетово, Кичево и Куманово
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице од велешко за сторени повеќе кривични дела во врска со кражба на дрва
