Почнува судењето на екс-претседателот на Кривичен Панчевски
Во велешкиот суд денеска треба да почне судењето за поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски.
Тој ќе биде донесен од притвор скоро одделение во Шутка откако на минатото рочиште на 10 јули не се појави на судењето па судијата одреди притвор.
Пет дена полицијата не успеа да го пронајде Панчевски па за него распиша потерница. По ова тој самиот се пријавил во истражниот затвор Скопје во Шутка.
Панчевски одговара за злоупотреби на АКМИС системот.
Се товари дека влијаел во распределбата на вкупно 49 предмети и со негова интервенција одредувал судии за предметите.
Обвинетиот со ставање на писмен ‘параф’ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот, пишува во дел од обвинението против Панчевски.
Првото судење за случајот беше закажано во октомври лани но досега не беше почнато поради недоаѓање на Панчевски и неговиот адвокат.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Ѓорѓи Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“