-->
-->
Почнуваат „Владимирските илинденски средби"
-->
Со прослава по повод Готенската битка – Мурабет, денеска во беровското село Владимирово почнуваат „Владимирските илинденски средби" што годинава се одржуваат под мото „Ладимерци дека и да сте, за Илинден дома да сте“ и ќе траат до 2 август.
„Владимирските илинденски средби" и годинава ќе понудат богата културно-уметничка програма, штандови со ракотворби, здрава храна и кулинарски специјалитети од овој крај и вечерна игранка на отворено какви што пред децении се правеле во центарот на селото.
Манифестацијата, која веќе прераснува во традиција и културно наследство за идните генерации, финансиски е поддржана од страна на општина Берово преку програмата за култура, додека организатор и покровител е здружението „Владимирски илинденски средби“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата