„Под московските вечери“ - концерт на Камерниот оркестар на Битола
Камерниот оркестар на Битола кој работи под патронство на НУ Центар за култура, вечерва ќе го одржи својот прв годинашен концерт „Под московските вечери“.
Станува збор за целовечерен концерт на руски композитори и романси, под диригентсво на Алесандро Д' Агостини, а на кој ќе настапат Марјан Николовски-тенор, Наде Талевска-сопран и Драган Микаровски-баритон.
- Минатата година камерниот оркестар на Битола беше исклучително успешен со 5 концерти, а годинава освен во нашиот град очекуваме да учествува на затворањето на „Скопско лето“. Задоволство е што со камерниот оркестар на претстојниот концерт ќе биде гостинот од Италија, диригентот Д' Агостини и тоа, по 2014 година, е негово второ гостување и заеднички настап со камерниот оркестар на Битола, истакна Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.
Ново на Сител
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола
-
Детален список: Што поевтини, а кои производи поскапеа со есенската кошничка?
-
Платата во август повисока за 2 евра од јулската
-
Гаши доби кривична пријава од Левица за бранителите
-
ДУИ од утре на средби со граѓани