Подароци за жените учеснички во сообраќајот по повод 8 Март
Полициските службеници при СВР Тетово денеска на 50-тина жени учеснички во сообраќајот при вршење контрола им доделија подароци во пресрет на утрешниот Меѓународен ден на жената – 8 Март.
Заедничките активности под мотото „Жените возат одговорно“ по повод празникот претставуваат соработка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Отсекот за превенција на СВР Тетово.

-Заедничките активности беа реализирани на градските плоштади во Тетово и Гостивар. На учесничките во сообраќајот им беа врачени пригодни празнични подароци, цвеќе, маски за лице, миризливи освежувачи за возила во знак на почит и благодарност за нивниот придонес во напорите за поголема безбедност на сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Активностите се дел од планираните превентивно-едукативни проекти на СВР Тетово и ќе се реализираат во првата половина од оваа година.
Ново на Сител
-

Кривична за полициски службеник: Фалсификувал службен документ и го злоупотребил потписот на раководителот
-

Пронајдена неексплодирана топовска граната од Првата светска војна со калибар од 75 мм
-

Јаневска: Многу е комплицирана ситуацијата со Филолозофскиот факултет
-

Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законските измени за укинување на техничката влада
-

Стабилно и потопло време во наредните денови
-

Повеќе од една година на незапирлив раст: Како НАН го трансформираше пазарот за наплата на побарувања во Македонија
-

АХВ: Спорната бебешка храна на HiPP не е увезена во Македонија
-

Сведок на судењето за „Пулс“: Се заглавив меѓу вратите, обезбедувањето ме извлече во последен момент
