Подготвен е прифатниот пункт за згрижување бездомници во Струмица
Подготвени се двата контејнери за згрижување на бездомници во случај на екстремно ниски температури лоцирани во дворот на Општинската организација на Црвен крст во Струмица, информираат од оваа организација.
Контејнерите се обезбедени со затоплување, светло, кревети, кебиња и перници. Капацитетот е за четири лица или во привременото прифатилиште во Струмица можат да се сместат до осум лица.
-Ние ги завршивме подготовките уште пред да дојде студениот бран и заедно со Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Струмица сме подготвени за прием на бездмомници. Имаме и залихи на храна, а апелираме до граѓаните доколку забележат бездомник да го упатат кај нас или да се јават на телефонскиот број 070 381 660, рече секретарот на струмичкиот Црвен крст, Маријана Тошева.
Прифатниот пункт во Струмица е еден од четирите во државата кои се подготвени за прием на бездомници, односно освен во Струмица бездомници можат да се згрижат и пунктовите во Скопје, Битола и Струга.
Ново на Сител
-
Прва средба Муцунски-Герапетритис во Њујорк
-
Претседателката на Албанското собрание во Скопје – средба со Гаши, Ахмети и Филипче
-
Зголемена потребата од негуватели во Охрид
-
Во Штипската клиничка болница ќе се отвори Ургентен центар за тријажа на пациентите од источниот регион
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Aнгелов: Законот за бранители на Славјанка Петровска е кукавичко јајце кој во реалноста не може да се спроведе
-
Академијата за судии и обвинители ќе добие нов директор, во трка седуммина кандидати