-->
-->
Подметнат пожар во православна црква во изградба во Приштина
-->
Непознати лица синоќа упаднале во православната црква „Христос спасител“, која се гради во центарот на Приштина, и подметнале пожар, јави Танјуг.
Приштинската парохија соопшти дека била исечена металната решетка на вратата на црквата, од каде вандалите влегле во црквата и го предизвикале пожарот.
Рашко-призренскиот епископ на Српската православна црква го осуди сквернавењето на црквата.
- Пожарот во објект што е припаѓа на Српската православна црква, за жал покажува дека нашите црковни објекти не се соодветно заштитени во Косово, изјави епископот.
Тој истакна дека на два пати досега Црквата барала помош од косовското Министерство за внатрешни работи, за поставување обезбедување пред црквата, но дека и двете барања останале без одговор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен бегалец од затвор осуден на седум години за сторено кривично дело „разбојништво“
-
Рамос потпиша со својот нов тим и избра посебен број
-
„Пази што зборуваше да не пропаднеш во дупка“, имам закани од психопативе, кажа Гоце Трајковски на сведочењето
-
Печатено издание на „Плејбој“ - прво по пет години
-
Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора
-
Марсело ја заврши кариерата
-
ИОК со реакција за забраната на Трамп за трансродови лица во спортот
-
Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии