-->
-->
Поднесена кривична пријава против кумановец за обид за убиство
-->
СВР Куманово денеска до Основното јавно обвинителство Куманово поднел кривична пријава против ВЈ.(32) од Куманово, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „обид за убиство“.
Како што соопшти МВР, утрово во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода кумановецот В.Ј.
-В.Ј. се сомничи дека околу 03 часот во дворот од неговиот дом во Куманово, по претходна расправија околу ваучери за играње во казино каде двајцата биле вработени при физичка пресметка, со остар предмет му нанел убодна рана на С.М.(35) од Куманово, наведуваат од МВР.
С.М. бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец