-->
-->
Поднесени три казнени налози од ОЈО Скопје
-->

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе три предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно четири лица, осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Скопје.
-Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија се движеле на различни локации без да поседуваат дозвола за тоа, соопштија од Обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за секого од обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби со висина на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
