Поднесено обвинение против две лица во случајот „Фабрика“

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица за повеќе кривични дела, меѓу кои и за фалсификување исправа.
- Со поднесениот обвинителен предлог обвинетиот З.Б.Чауш се товари дека сторил кривично дело Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395, ст.1 вв со чл.22, кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 вв со чл.45, кривично дело Злоупотреба на лични податоци од член 149 ст.1 вв со чл.22, две кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл.22, три кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 сите од Кривичниот законик, додека пак обвинетиот И.Б. се товари дека сторил кривично дело Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 ст.1 вв со чл.22, кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 вв со чл.45, кривично дело Злоупотреба на лични податоци од член 149 ст.1 вв со чл.22 , кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 и две кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 сите од Кривичниот законик, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Обвинението, како што информираат од ОЈО Скопје е поднесено по сеопфатно спроведените истражни дејствија во предкривичната постапка кои од самиот почеток на пријавувањето на настанот поврзан со изработка на фалсификувани лични карти, биле координирани и раководени од надлежни јавни обвинители.
Во постапувањето била прибавена обемна материјална документација, спроведени претреси, направени вештачења, споредбени анализи и биле испитани голем број на сведоци, велат од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
