Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Статус кво во мировните напори на Русија и Украина не се промени по разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак.
Путин и Трамп вчера имаа телефонски разговор, за време на кој рускиот лидер одби да се согласи на прекин на огнот и наместо тоа ја изјави својата подготвеност да преговара за „меморандум во врска со потенцијален иден мировен договор“.
„За жал, по телефонскиот разговор Трамп-Путин, статусот кво не се промени“, напиша Михаил Подољак на Икс, додавајќи дека Украина продолжува да нуди итен и безусловно прекин на огнот, додека Европа целосно го поддржува овој чекор.
Подољак истакна дека САД остануваат глобален посредник, верувајќи дека Русија ќе преговара за бизнис и стратешки интереси. Во исто време, ставот на Русија останува непроменет во нејзината подготвеност да ја продолжи војната, додаде тој.
„Постои непроменет став на Русија: таа сè уште бара војна, уништување и убивање, верувајќи дека тие се единственото средство за зачувување на нејзината сегашна состојба. Постои Русија која не сака – и категорично одбива – да прифати прекин на огнот“, рече Подољак.
„И постои ова опсесивно барање на таканаречените „причини за војната“, иако единствената вистинска причина е едноставниот факт за неиспровоцираната агресија на Русија“, додаде Подољак.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
-

Владата утре ќе ја намали акцизата и ќе го задржи ДДВ на 10 отсто кај горивата
-

Мицкоски: СДСМ се однесува како локална организација на бугарска партија
-

МОН најде приватен институт во обложувалница, со два душеци и две столчиња
-

Тече конкурсот за упис во средните училишта, најмногу место има за ученици во средните стручни училишта
-

Третманот со ефикасна терапија го зголеми бројот на преживеани на Oнкологија
