-->
-->
Поемата за Ердоган ја подели германската Влада
-->

Два дена откако германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нема причини сегашните коалициски партнери да не ја продолжат соработката во федералната Влада, се јавија поделби меѓу двете најголеми партии во коалицијата, нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на вице-канцеларот Зигмар Габриел.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, причина за спорот е вчерашната одлука на Меркел да дозволи истрага и можна затворска казна за сатиричарот Јан Бехерман, кој преку државната телевизија ЦДФ во обид да покаже што не е дозволено да се објавува на телевизија, прочита поема во која беше навредуван турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
За разлика од нејзиниот сопартиец, министерот за внатрешни работи Томас де Мазиер, кој застана во одбрана на Меркел, коментарите на социјалдемократите се негативни.
Шефот на парламентарната група на СПД, Томас Оперман преку Твитер ја изрази својата критика за одлуката Јавното обвинителство да добие дозвола за процес против сатиричарот Бехерман.
- Мислам дека одлуката е погрешна. Судење за сатира поради закон кој предвидува заштита на „неговото височество“ (Ердоган), не се вклопува во современата демократија, порача претставникот на СПД.
Предходно, објавувајќи ја одлуката на барање на Ердоган да му се суди на Бехерман, Меркел призна дека во Владата има различни ставови за ова прашање.
Во одбрана на Меркел застана и генералниот секретар на нејзината партија Петер Таубер, кој изјави дека Владата го смета владеењето на правото за сериозна работа, дури и кога тоа боли.
Министерот за правда Хајко Маас избегна директно да се конфронтира со Меркел, велејќи дека одлуката дали поемата на Бехерман е сатира или навреда треба да ја донесена исклучиво судот.
Маас ја повтврду намерата на Меркел од законот за навреда и клевета да се избрише членот кој предвидува казни за навреди против странски шефови на држави или влади.
Конфликтот околу навредите за Ердоган и судењето за Бехерман доаѓа една недела пред можното заминувањето на Меркел во Турција кое беше најавено од турскиот премиер Давутоглу, а потоа демантирано од портпаролот на владата во Берлин.
Турскиот претседател Ердоган се смета за централната фигура околу која се гради стратегијата на канцеларката Меркел и Европската Унија за спречување на нови бранови бегалци преку Турција, Грција и балканската рута.
Во замена за својата конструктивност при спречување на бегалците да го минуваат Егејското Море, Турција доби најава за исплата на шест милијарди евра, побрз влез во ЕУ и олеснување на визниот режим со Унијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов, Кривичен суд ќе одлучува утре
-

Осуденичка од САД преживеала егзекуција - не ја усмртиле ниту две дози смртоносна инјекција
-

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување на бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи
-

Од денеска до 5 октомври пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посета на Урсула фон дер Лајен
-

Скопјанец му се заканувал преку телефон на полицаецот кој предходно му пишал казна
