Поетскиот караван на ДПМ продолжува во Куманово

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Куманово, каде што на 20 октомври, во библиотеката „Тане Георгиевски“ ќе настапат истакнати поети од различни генерации, учесници во проектот за дисперзија на културните настани во земјата.
Во рамки на годинашниот циклус, поетскиот караван на ДПМ гостуваше во Крушево, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип, Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, Демир Хисар и Лазарополе, а настапи и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.
До крајот на ноември оваа манифестација ќе продолжи во Велес, Радовиш и на „Ганевите денови“ во Кожле. Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната „Средба на генерации“ што е составен дел на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
