Поевтинуваат горивата

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалува за 1 денар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0, 50 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,113 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,042 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 73 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе биде 75 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) ќе се продаваат за 65 денари за литар, а мазутот М-1 НС ќе се продава за 36,042 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,986 отсто, кај дизелот за 2,832 отсто, кај екстра лесното масло за 2,299 отсто и кај мазутот намалувањето е за 4,935 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4464 отсто.
Ново на Сител
-

Две убиства и обид за убиство: Се проширува истрагата за 25-годишниот убиец од Малотино
-

Жена претепана од сопругот, 23-годишна девојка следена од поранешниот партнер
-

Малолетник без возачка управувал „мерцедес“ во Струга, возилото одземено
-

Сончево и релативно топло време, во четврток локални врнежи од дожд
-

Во среда почнува судењето против 74 годишен штипјанец кој поради љубомора уби 79 годишна жена
-

Во Европа раст на цената на гасот за повеќе од 20 отсто
-

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари согласно законското усогласување
-

Најмалку 555 мртви во Иран по израелско-американските напади
