Поглаварот на МПЦ ќе присуствува на погребот
Денес кога Македонија е завиена во црно, митрополитот брегалнички г. Иларион повика нашите починати чеда да бидат достоинствено испратени во Вечноста, во Царството Небесно, а болните да се исцелат. Владиката го разбира гневот на граѓаните кој произлезе од големата болка и тага по настраданите, но замоли на евангелски начин, со молитва и достоинство да се простиме од најсаканите, а повредените побрзо да ни се вратат.
-Ги повикувам сите луѓе и ги замолувам да бидат кротки, смирени и трпеливи, да не ги вознемируваме ниту упокоените, ниту нашите страдални болни, туку со молитва кон Бога, со трпение, смирение, да се подготвиме и починатите да ги испратиме во Вечноста и болните да се молиме Господ Бог да ги исцели и да ги излечи, изјави г. Иларион, митрополит на Брегалничката епархија.
Директорот на ЦУК искажа благодарност до сите противпожарни и итни медицински екипи од целиот регион кои несебично помогнаа да се спаси она што можеше да се спаси во овој трагичен настан.
-Верувам дека спасија многу животи, иако за жал, загубата е огромна, 59 починати, тоа е нешто што не може да се опише. Не се точни шпекулациите дека бројот е поголем од 59, пред малку добив официјална информација дека, немаме починати кои се згрижени во болничките установи во државата и странство, некои од нив се во тешка состојба, но нека Господ Бод и даде сила да прежиеват, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Погребот ќе се одржи во четврток, на 20-ти март, со траорниот чин ќе началствува архиепископот на МПЦ, а часот ќе биде дополнително утврден, зашто жртвите се од Кочани, Штип, Чешиново-Облешево, Виница, Зрновци, М. Каменица, Пробиштип и Скопје.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар