-->
-->
Поголема група мигранти фатени во близина на Костурино
-->

Дваесет и пет мигранти од Пакистан изутрината биле фатени во близина на струмичкото село Костурино откако во половина час по полноќ во полицијата било пријавено дека непознати лица ги товарат во две патнички возила.
Како што информира МВР, полициски службеници излегле на местото и го пронашле возилото „Форд Галакси“ со англиска национална ознака, кое било празно и без клучеви. Во непосредна близина на возилото биле откриени мигрантите.
Веднаш потоа, во близина на местото, полициските службеници го стопирале и второто возило („БМВ“ со радовишки регистарски ознаки), кое, исто така, било пријавено. Возилото го управувал А.А. (32), а сопатник бил Ш.Е. (25), двајцата од радовишкото село Калаузлија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
