-->
-->
Погребан водачот на Партизан, навивачите го испратија со песната „Моји су другови“
-->
Водачот на навивачите на Партизан и момчето кое е осудувано за неколку престапи погребан е на Новите гробишта во Белград.
Над 400 луѓе се собраа за да му оддадат последен поздрав на Сале Мутави кој е убиен на 13. октомври пред Централниот затвор додека бил во автомобил.
Неколку навивачи од Партизан пред самиот почеток на опелото беа распоредени на влезот од гробиштата, по пет на метар оддалеченост. Подоцна и тие се приклучија на поворката.
На погребот дојдоа и претставници на Управата на Партизан Милорад Вучелиќ, Милош Вазура и Ивица Илиев.
Интересно е што Вучелиќ само изјави сочуство во капела и замина од гробитата.
Ковчегот во земја е спуштен додека собраните навивачи ја пееја песната од Бајага „Моји су другови“.
ФОТО: Телеграф.рс
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија ќе се снабдува со гас од Грција од 1 октомври
-
Минчев најавува законско решение наместо балансерот
-
Туфегчиќ: Јас бранам потполно невин човек
-
Просечната нето плата во јули 40.961 денар
-
Таравари: Не знам дали е непотизам, но не може да му забраниме на директорот да земе советник
-
Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта
-
Во главата на Вања било пукано преку перниче
-
Судот го одби барањето за исклучување на јавноста