Погребани жртвите од сообраќајката: Заедно заминаа, заедно нека почиваат!

Оливера Станојевиќ (21) ја изгуби битката за живот и им подлегна на повредите во белградскиот Ургентен центар во вторникот рано наутро, на денот кога во Братунац беа погребани нејзините родители Радивој и Нада Ѓокановиќ, братот Петар и деветмесечната ќерка Елена. Девојката чие семејство во понеделникот загина во сообраќајка кај Лозница, лекарите не можеа да ја спасат по тешките скршеници и повреди на главата.
Во Братунац денеска беа погребани четворицата на градските гробишта, по желба на семејството, зошто - „заедно заминаа, заедно и нека почиваат“. Веста за смртта на Оља ги скрши нивните најмили. Од понеделникот Ѓокановиќ и Стојановиќ се молеа за неа, но и таа замина кон својот ангел, родителите и братот.
При враќање од свадба во Нова Пазова, Радивој, Нада и Петар Ѓокановиќ заедно со Оливера и бебето Елена доживеале сообраќајка на заобиколниот кат кај Лозница, кога со голфот се пикнаа под камион кој одел од спротивниот правец. Според последните неофицијални инфорамции, на Радивој му се слошило и поминал на спротивната лента, На самото место загинале четворицата, додека Оливера е префрлена во Лозиница, од таму во Белград каде починала.
-И беа скршени нозете, извадена слезината, а најмногу повреди имаше на главата. Мојот син не знае за себе и само се молам Оливера да преживее. Не знам како Милош ќе може да продолжи, се плашам за него. Пред помалку од година дена правеа свадба овде со 500 гости. Само што основаа семејство, рече свекорот на несреќната девојка ден пред да почине.
Ѓокановиќи сите ги знаеле како домаќинска куќа и прекрасни луѓе. Во Саса кај Братунац се доселиле околу 2000 година. И Радивој и Нада работеле во блискиот рудник. Оља се омажила во соседното Красан Поље, додека Петар завршил средно училиште. Милица, нивното средно дете студира медицина во Фоча. Кобниот ден таа со автобус заминала во Чачак кај другарка.
Местото на несреќата

Куќата и останува на Милица...
Милица не се враќала со нив, туку тргнала кај другарската. Во автобусот за Чачак дознала од интернет за несреќата. Остана сама, а сега сите ние мора да бидеме тука за неа. Ова е голема несреќа, куќата да се угаси. Што лошо направиле тие? Нашиот Петар...Срце ми се стега кога ги гледам неговите другари како плачат. А пак нешето бебенце. Боже чувај не, едвај зборуваат роднините.
Ново на Сител
-

Кос во Скопје: Нема гаранции за Македонија, како и за секоја друга земја-кандидат за ЕУ
-

САД извршија нови воздушни напади врз Иран, Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин
-

Десет лица повредени во последниот ракетен напад врз Одеса, руското ПВО соборила 415 украински дронови
-

Голем шумски пожар кај Порто Палермо во јужна Албанија
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
