Покачување од два отсто и поголема минимална плата во градинките

Вкупниот ефект од зголемувањето на минималната плата и покачувањето од два процента кај вработените во градинките ќе биде до 2.040 денари во зависност од нивното работно место.
- Основната бруто плата пред зголемувањето од два процента за септември за одредено работно место би изнесувало 15.090 денари, со зголемувањето од два отсто на бруто платата добиваме сума од 15.392 денари, а со зголемувањето на минималната плата за истата бруто плата добиваме 17.130 денари. Тоа значи дека зависно од одредено работно место ефектот од зголемувањето од два процента и зголемувањето на минималната плата за вработените во градикните ќе изнесува до 2.040 денари, рече на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Додаде дека овие средства на вработените во градинките им се исплатени со септемвриската плата која се исплаќа во октомври.
Минималната плата во иднина ќе мора да се исплаќа бидејќи, како што рече министерката, тоа е регулирано преку Управата за јавни приходи, каде нема да можат да поминат плати пониски од законски предвидената минимална плата од 12 илјади денари.
Првата зголемена минимална плата е септемвриската, исплатена овој месец.
Ново на Сител
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
-

Сончево и многу топло
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
