Пола Скопје утре цела ноќ без вода
Без вода за пиење утре од 20 часот до завршување на работата ќе останат делови од Аеродром и Ново Лисиче (висока зона - станбените објекти над петти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол, како и дел од Кисела Вода на ул. „Христо Татарчев“ крак 1-11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од бул. „Борис Трајковски“ и дел од бул. „Србија“ (од новиот кружен тек до бул. „Борис Трајковски“), соопштија од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.
Прекинот на водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна линија сo пречник 700 мм, што ќе се изведува кај новиот кружен тек меѓу ул. „Христо Татарчев“ и бул.„Србија“ (последна 24-ка).
Планската проекција на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, посочуваат оттаму, е дека работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би добиле во периодот од 8 до 14 часот наредниот ден (11 август).
Бидејки ќе се работи во текот на ноќта ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ за жителите од наведените населени места ќе обезбеди цистерни со питка вода. Исто така, од Јавното претпријатие информираат дека уличните чешми во населбите Аеродром и Ново Лисиче непречено ќе функционираат, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри