Полагањето на државна матура во Албанија се одвива со заштитни маски и ракавици
Во Албанија денеска почна полагањето на државната матура, што 31.000 матуранти го означија со полагањето на испитот по странски јазик.
До 18 овој месец учениците од четврта година од средните училишта ќе полагаат уште три испити, оној по албански јазик и литература, математика и наставен предмет по избор.
Поради фактот што матурата се полага во време на пандемија, таа се спроведува според посебни правила, одржување физичка дистанца, поради што се користат и објектите на основните училишта, носење заштитна маска и ракавици, а на учениците со висока телесна температура не им се дозволува да влезат во училниците, туку матурата ќе ја полагаат на есен.
Наставните единици кои се обработува од далечина, поради пандемијата, не се вметнати во испитните прашања .
Врз основа на одлуката на Министерството за образование „во ученичка клупа, поради полагање на државната матура се враќаат само матурантите, додека сите други ученици од основното и средното образование не се вратија во ученичките клупи, а настава следае онлајн односно од далечина“.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
