Полесен пристап на малите и средните претпријатија до кредити за иновативни инвестиции

Малите и средните претпријатија во Македонија преку „ПроКредит“ банка ќе имаат пристап до десет милиони евра кредити достапни за иновативни инвестиции, како и за набавка на нови машини, опрема, проширување на производсвото или услугите.
Средствата се обезбедени преку програмата „InnovFin“ на Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ).
Како што се наведува во соопштението на банката, компаниите ќе може да ги користат кредитите за инвестиции и во фиксни и во обртни средства, а најголема предност е во делот на обезбедувањето на кредитот, за кои е потребно многу помало обезбедување.
Директорот на бизнис секторот од ПроКредит банка Стевче Кузмановски очекува овие средства да бидат значајна поддршка за перспективни претпријатија кои се занимаваат со производство, извезуваат и се шират на странските пазари и воведуваат нови и иновативни производи.
Согласно „Хоризонт 2020“, рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ, освен во Македонија преку ПроКредит банките ќе ги пласираат овие средства и во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Молдавија, Романија и Србија. ПроКредит банките покрај поволните услови за кредитирање ќе нудат и целосна поддршка на бизнисите во доменот на регионалното ширење на бизнисот и меѓунардниот платен промет.
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
