Полицајка го загуби животот, а 15 лица се повредени во експлозии во украинскиот град Лавов

Една полицајка го загуби животот, а најмалку 15 лица се повредени во текот на ноќта во експлозии во градот Лавов во северозападна Украина, изјави градоначалникот на градот, опишувајќи го инцидентот како терористички чин.
Според канцеларијата на регионалниот обвинител на Лавов, полицијата била повикана по полноќ во врска со кражба во продавница во центарот на градот, објавува Укринформ.
Кога пристигнала патролата, се случила експлозија, по што следела втора во момент кога пристигнал втор полициски тим. Починатата полицајка има 23 години, соопшти обвинителството.
„Очигледно е дека станува збор за терористички чин. Петнаесет лица моментално добиваат медицинска помош, некои се во многу сериозна состојба. Полицајка почина“, изјави градоначалникот Андриј Садови во видео објавено на социјалните мрежи.
Властите објавија фотографии од фасада на зграда со скршени прозорци.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
