Полицијата ги блокираше сите излези од Сјеница: Мајка пријави дека и го украле автомобилот со детето внатре - еве што открија

Сите излези од Сјеница синоќа, со ефикасна акција на полицијата биле блокирано откако една жена од овој град пријавила дека и е украдено возилото во кое во тој момент се наоѓало нејзиното тригодишно дете.
За среќа, за само неколку минути и возилото и детето се пронајдени и тоа на само десетина метри подолу, и е утврдено дека не се работи за кражба на возилото и дека е детето е добро.
-Се почна кога жената го остави возилото на улица, излезе на неколку мига, а кога се врати ниту возилата ниту детето не беа на место. Жената веднаш повика полиција, а полицијата го блокираше градот, вели извор од Нови Пазар.
Истиот миг полициските патроли го блокирале сите излези од градот и почнала потрага по автомобилот.
-По само неколку минути автомобилот е пронајден на 50-тина метри подолу од местото каде бил оставен. Се утврдило дека жената небезбедно го паркирала возилото, и тоа само се придвижило низ улицата, а потоа само запрело. За среќа никој не е повреден и се добро се заврши, вели изворот.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
