Полицијата казни 197 возачи во градот Скопје, 15 од нив возеле без возачка
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, четири санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 26 мерки за непрописно престројување на возила.
Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 10 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, девет мерки за користење мобилен телефон...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
