-->
-->
Полицијата натерала крадец да изеде 40 банани: За ваква тортура се уште не сте слушнале!
-->
Полицијата во Индија пристапила кон необичен метод натерувајќи го крадецот да го врати златното ланче кое го украл и проголтал - тие го натерале да изеде 40 банани.
Приведениот маж негодувал дека го украл златното ланче од вратот на една жена во една улица во Мумбај, но рендгендската снимка јасно покажала дека лаже. Поради тоа што испирањето на желудникот не дало никаков резултат, лекарите предложиле операција, полицијата ги одбила со образложение дека тоа е премногу скапо.
- Мораше да изеде повеќе од 40 банани за само еден ден - изјавил денес Шанкар Данаваде, портпарол на полицијата во Мумбај.
Тој додале дека 28-годишниот крадец, кој во петокот е изведен пред суд, бил приморан сам да го испере и дезинфицира златното ланче.
Според пишувањата во Хундустан тајмс, тоа не е прв пат полицијата да користи "техника на банани". Минатиот јули, еден лопов исто така бил приморан да изеде десетици банани и испие неколку литри млеко измешани со лаксатив за да го врати украдениот накит.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија нема да испраќа војници во Украина, Генералштабот се уште не добил покана за состанокот на Макрон во Париз
-
Муцунски: Македонија е сојузник и партнер на процесите кои носат стабилност и безбедност во регионот
-
Светот станува поопасен, затоа Македонија и Хрватска треба да се држат заедно
-
Жители на Сингелиќ и Арачиново на протест пред ЕВН
-
Исплатени 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит за 47 компании
-
Опозицијата најавува закон за минимална плата
-
СДСМ обвинува за матни тендери во општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ
-
Смртен случај на Пулмологија кој имал и грип – февруари со најмногу заболени во изминатите 15 години