Полицијата спречи трговија со марихуана

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ поднесе кривична пријава против В.П.(31) од Албанија и Л.М. (26) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 26.02.2020 В.П. извршил набавка и транспорт на марихуана од територијата на Република Албанија на територија на Република Северна Македонија, која била наменета за продажба, каде во својство на краен купувач се јавил Л.М. Притоа В.П. и Л.М., врз основа на претходен договор, оствариле средба на територија на Струга, каде било извршено предавањето на марихуаната спакувана во најлонска ќеса, која требало да се пренесе на територија на Гостивар, за што Л.М. ги ангажирал Д.С., Е.Н. и Ф.А. Потоа В.П. се упатил кон Граничниот премин „Ќафасан“, а останатите во правец кон Гостивар.
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кичево во населбата Горица, во близина на бензинска пумпа во Кичево, ги сопреле патничкото возило „ауди А3“, управувано од Л.М., и патничкото возило „опел мерива“, управувано од Д.С. и над нив бил извршен преглед, при што под совозачкото седиште на патничкото возило „опел мерива“ била пронајдена и одземена една најлонска ќеса со 1655 грама марихуана.
На 23.04.2020 од полициски службеници бил извршен претрес во домот на Л.М., каде биле пронајдени и одземени две дробилки и телефон, по што Л.М. бил лишен од слобода и од судија на претходна постапка одредена му била мерка притвор.
Ново на Сител
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
