Полицијата уапси лица кои поседувале марихуана
На 18.08.2020 во 02.45 часот на ул.„Абас Емин“ во Охрид, при преглед во патничко возило „цитроен берлинго“, сопственост на А.Џ.(48) од Охрид, полициски службеници пронајдоа и одзедоа три ќеси со марихуана. Дополнително, во близина на неговиот дом на истата улица се пронајдени шише со течност и марихуана. А.Џ. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.08.2020 во 17.20 часот, на бул.„Железничка“ во Охрид, при преглед на патничко возило „ренџ ровер“, со скопски регистарски ознаки, управуван од З.П.(22) од Скопје, полициски службеници пронајдоа и одзедоа ќесе со марихуана. Возачот и сопатникот М.Р.(19) од Охрид се приведени во СВР Охрид и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка