Полицијата уапси лица кои поседувале марихуана и кокаин
На 28.11.2020 во 00.20 часот на подрачје на Аеродром полициски службеници го лишиле од слобода В.И.(33) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.11.2020 во 03.00 часот во с.Селемли, општина Богданци, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода Г.А.(37) од Куманово, со живеалиште во Богданци, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(21) од Куманово, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 21.05.2020 на улица „Младен Стојановиќ“ во Куманово, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот при што пронашле и одзеле кокаин.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи