Полицијата вчера казнила 59 возачи, а пајакот подигнал 53 возила

Во текот на изминатиот ден полицијата издала 59 мандатни платни налози, а 53 возила се подигнати со специјално возило „пајак” на подрачјето на СВР Скопје.
При преземени мерки и активности е констатирано дека 34 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Според информациите од СВР Скопје, од сообраќај се исклучени 14 возачи, од кои двајца затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 12 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило.
Исто така, исклучени од сообраќај се и седум возила, бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се шест возачи поради поминување крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, шест возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, еден поради неносење на сигурносен појас за време на управување на моторно возило и шест возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците, соопштуваат од СВР Скопје, санкциониран е еден пешак поради поминување на коловоз вон пешачки премин.
Ново на Сител
-

3.000 евра казна за Србинот кој двапати возел над 160 км/ч кај Демир Капија
-

Одличен настап на најмладите македонски кикбоксери во Унгарија – злато за Чавков, сребро за Илиев
-

Осум месеци зад решетки: Мадуро насмеан позира со знак за мир
-

Четири злата и едно сребро за Македонија – македонските кикбоксери со голем успех на Светскиот куп
-

Во Штип почнува да се нормализира водоснабдувањето
-

ЦУК: Активни седум пожари на отворен простор, изгаснати 16 во изминатото деноноќие
-

Во поплавите во Непал и Кина загинаа над 900 луѓе
-

Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло на УС опен
