-->
-->
Полицијата во контроли на угостителски објекти ноќеска во Битола затекнала 20 малолетници, следуваат пријави
-->

Акциска контрола во повеќе угостителски објекти и објекти за забава во Битола направила полицијата од СВР Битола ноќеска половина час по полноќ, при што биле затекнати 20 малолетници.
Ккао што соопшти Министерството за внатрешни работи, планираните активности ги опфатиле објектите кои се „детектирани како места каде што доаѓаат малолетни лица“.
-Притоа, во клуб лоциран на улицата „Климент Охридски“, затекнати биле 16 деца, а во угостителски објект на булеварот „1 Мај“ биле затекнати уште четири деца. Сите тие се предадени на родителите, а по документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави, информира МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители за избор на привремен наследник на Коцевски
-

Филипче од Брисел: Барам поддршка од Европа за одбрана на демократијата во Македонија
-

До крајот на следната година системот Безбеден град ќе се имплементира во цела држава
-

Охрид со богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници
-

Бизнисот и науката во спрега за развој на циркуларната економија
-

Домаќинствата во Струмица добиваат можност да аплицираат за зелени грантови
-

Преглед на вестите од светот
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
