Полициска акција во Арачиново, приведено едно лице по распишана централна потерница
Денеска (03.12.2022) во периодот од 05.00 до 08.30 часот од страна на Оперативниот тим потраги во содејство со припадници на Одделот за специјални полициски операции-ОСПО и полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на подрачјето на с.Арачиново, скопско, лишен е од слобода Н.Р.(49) од с.Арачиново. За него била распишана централна потерница согласно наредба од Основен Кривичен суд -Скопје, со која се барал за издржување на казна затвор во времетраење од година и половина, во врска член 396 од Кривичниот законик, за неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи. Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.
Во 06.30 часот полициски службеници извршиле проверка во куќа во с.Горно Мојанци, сопственост на Џ.О., во која престојувал Ф.О.(40) од с.Арачиново, при што бил пронајден пиштол. Пиштолот е одземен за понатамошна постапка, по лицето се трага, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје