Полициска бркотница во Скопје, синот на заменик министерот на МВР Назим Буши бегал од полиција
Во инцидент во петокот попладне на периферија на Скопје, син на функционер на МВР бил запрен по бегство од полициска патрола поради нелегално користење флешери, но полицајците го пуштиле со тврдење дека станува збор за службен автомобил на СОЗР.
Од МВР за Телма информирале дека ќе го испитаат случајот и доколку се утврди полициско постапување спротивно на законот, полициските службеници кои згрешиле ќе бидат санкционирани.
К.Б., синот на заменик министерот предложен од ДУИ, бил забележан од полициска патрола во Чаир како со темно ауди со флешери (ротациони светла на хаубата на автомобилот) се движи побрзо од дозволеното по што го стигнале и побарале да застане. Но возачот со ауди не застанувал по што патролата повикала помош и на крај успеала да го сопре возачот на Качанички пат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот