Полициска и воена операција на Тајланд откако војник уби најмалку 17 лица
Тајландски војник изврши масакр во градот Корат, убивајќи најмалку 17 лица, јавуваат локалните медиуми. Според „Бангкок пост“ тој зел 16 заложници. Во нападот има и голем број повредени.
Тим од специјалните единици се подготвува да влеза во трговскиот центар, од каде, според тајландската полиција, се слушаат истрeли.
На социјалните мрежи се споделува снимка, на која се гледа голем пожар во близина на шопинг центарот.
Напаѓачот, идентификуван како Јакрапант Тома, пукал по цивили во Корат, а потоа влегол во трговски центар каде зел како заложници 16 лица.
Властите го затворија центарот на градот и областа околу трговскиот центар за да го приведат осомничениот.
Војникот го пренесувал нападот во живо на Фејсбук и направи селфи додека држи пушка. На една снимка се гледа како војник со шлем и униформа велејќи дека е „толку уморен од пукање на луѓе што веќе не може да го помрдне прстот“.
Тајландските корисниците на Твитер објавија дека Фејсбук ја отстранил снимката во живо, на која беа прикажани убиствата на 12 лица. Во избришаните снимки, може да се слушнат звуците на рафали, некои луѓе преплашени бегаат од напаѓачот, додека други паѓаат погодени.
Медиумите објавија дека само неколку часа пред масакрот, војникот објавил бесен пост на Фејсбук во кој се вели дека „бара одмазда“.
„Дали луѓето кои се богатат со корупција и ги користат другите, сметаат дека можат да ги понесат парите со себе во пеколот? напишал напаѓачот.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура