-->
-->
Полициска операција против шверцери на дрога во Турција
-->
Најмалку десет лица се притворени при операција на Истанбулската полиција за шверц на дрога, соопшти Управата за безбедност во Истанбул.
Единици на службата за борба против шверцот на наркотици и организиран криминал спроведоа рации во квартовите Авџилар и Бахчелиевлер, кои се наоѓаат во европскиот дел од Истанбул. Во операцијата учествуваа припадници на специјалните сили за борба против тероризмот, како и полициски хеликоптери.
Полицајците извршија истовремени претреси на десет адреси, при што конфискувани се различни количества наркотици. Во акцијата приведени се најмалку 10 лица, осомничени за учество во нелегална трговија со наркотици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени