Свет
14. January 2016 - 9:49

Полициска операција во реонот на Операта во Сиднеј

Австралиската полиција соопшти дека ја завршила операција во реонот на Операта во градот Сиднеј, што ја започна рано изутринава, без да посочи детали за неа и за причините за нејзиното спроведување.

- Врз основа на информации добиени преку социјалните мрежи, како превентивна мерка. полицијата спроведе операција во близина на Операта и во Менли (северо предградие на Сиднеј), се наведува во полициското соопштение.

Австралиските медиуми јавија дека сиднејската Опера речиси два часа била под „полицска опсада“ и дека при тоа биле евакуирани сите присутни во објектот и во неговата околина.

Поради полициската операција во прекин беше и редовната фериботска линија што поаѓа од локација во близина на Операта. 

За време на операцијата полицајци не дозволувале никому да се приближи помалку од 150 метри до познатата зграда на Операта, која е една од туристичките атракции на градот.

Според британскиот весник „Гардијан“, евакуцијата на вработените и туристите од Операта и целата полициска операција не биле поврзани со тероризам.