-->
-->
Полициската станица од општа надлежност – Делчево доби нов командир
-->

Лејла Анакиевска, вработена во полицијата со 21 годишен стаж е нов командир на Полициската станица од Општа надлежност во Делчево. Таа довербата ја доби со мнозинство гласови на 12-тата седница на делчевскиот совет, чии советници имаа можност да гласаат за еден од тројцата кандидати, по втората листа предложена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако првата предложена листа, на една од минатите седници беше одбиена.
Поради недоволен број информации за квалификациите на кандидатите, меѓу кои се најдоа и вработените во полицијата Илчо Дончевски и Марија Постоловска, не гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои по изборот на новиот командир порачаа дека будно ќе ја следат неговата работа.
-Очекуваме новиот командир успешно да работи во интерес на намалување на малолетничката деликвенција, намалување на криминалот, во делот на подобрување на сообраќајната култура и сузбивање на појавата на опојни супстанци меѓу младите, истакнаа од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.
На денешната седница беше разгледана и дополнителната точка за состојбата на загадувањето во река Брегалница по неодамнешниот помор на риби, кој беше пријавен од спортските рибиловци во Делчево. По однос на оваа точка, советниците донесоа препораки, кои ќе бидат доставени до општинскиот инспекторат за животна средина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
-

Телеком донира опрема за училишта
-

Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
-

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари
