Полициски контроли за возење под дејство на алкохол во Тетово и Штип
Единаесет лица кои ги управувале возилата под дејство на алкохол биле откриени во полошко при акциската контрола спроведена изминатиот викенд од страна на СВР Тетово. Во активноста биле контролирани вкупно 127 возачи.
Сите 11 кои возеле под дејство на алкохол биле исклучени од сообраќај, а на десет од нив времено им биле одземени возачките дозволи и им биле изготвени мандатни платни налози. Во акциската контрола изминатиот викенд биле откриени и санкционирани и дваесеттина други видови прекршоци информираа од полицијата.
Во слична ваква акциска контрола во сабота и недела на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Штип вкупно биле контролирани 186 возачи при што кај 23 возачи било потврдено присуство на алкохол. И овие прекршители биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и им биле издадени мандатни платни налози. Тука биле забележани и 12 други сообраќајни прекршоци и за нив биле издадени соодветни санкции.
Од полицијата највија дека ќе продолжат со засилени акциски контроли со цел санкционирање на сообраќајните прекршоци и подобрување на безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија