Полицискиот час од 22 до 5 часот останува во сила до 6 април
По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, од 23 март до 6 април.
Одлуката на Владата за воведување полициски час од 22 часот вечерта до 5 часот наутро, беше донесена на 10 март.
Целта на неговото воведување беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите коишто интензивно комуницираат во паркови, јавни површини, па и по домови после затворањето на угостителските објекти зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот.
Најновите состојби во државата предизвикани од пандемијата беа тема на вчерашната редовна седница на Главниот координативен кризен штаб на која учествуваше и претседателот Стево Пендаровски, при што беа разменети информации и мислења за актуелните мерки за спречување и ширење на вирусот Ковид-19.
Како што информираат од неговиот кабинет, на седницата ресорните министри и претставниците на надлежните институции информираа за тековните активности, за преземените мерки и за ефектите од нивната имплементација.
Претседателот Пендаровски посочи дека сите надлежни институции треба да продолжат со максимална посветеност и координирано да ја следат епидемиолошката состојба и доколу има потреба да се разгледаат можностите за надополнување на мерките.
Посебно потенцираше дека додека не се создадат услови за масовна имунизација на населението, граѓаните треба да продолжат со совесно и одговорно однесување и да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од вирусот.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека нема мерки и покрај четирицифрените бројки на новоинфицирани за 24 часа.
– Системот е целосно организиран. Ова го повтори Венко Филипче и по вчерашната средба со менаџерите на клиниките во рамки на кампусот клиники „Мајка Тереза“ и на Градската општа болница „8-ми Септември“. Ова Филипче го повторува постојано, ама никако да се фати за работа и да организира здравствениот систем за да одговори на последиците од корона кризата. Дури и мерките кои се носат се под политики диктат. Викендов конкретно, многу очигледно е дека нема мерки и покрај четвороцифрените бројки на новоинфицирани за 24 часа. Бројката на починати достигна безмалку 3500 лица. Или само во март во првите 15 дена се починати 200 лица. Сето ова говори за негрижата за здравјето на граѓаните, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара притвор за 42-годишната жена која вчера со автомобил удри во пешак
-
Малолетничка од Скопје физички нападната од таткото и братот
-
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје
-
Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст