Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година

Постојаниот руски претставник во ОБСЕ, Дмитриј Полјански, денеска за руските медиуми изјави дека постои ризик Европа да биде вовлечена во конфликт со Русија пред 2030 година.
Тој оцени дека проблемот не е само во систематските подготовки за војна и интензивната милитаризација на Европа, туку и во фактот дека, како што изјави, „наративот за наводно агресивна Русија и плановите што ѝ се припишуваат се користи како изговор“.
„Проблемот е што е намален прагот за потенцијални провокации, оние што би можеле да ја вовлечат Европа во војна многу порано, без оглед на тоа дали некој го сака тоа или не“, одговори Полјански на прашањето дали сè почестите повици во Европа за подготовка за војна со Русија се само начин за зголемување на воените трошоци или одразуваат реално сценарио.
Полјански, исто така, изјави дека властите во Киев „го гледаат својот опстанок во предизвикување директен конфликт меѓу Русија и Европа“, во кој Украина би била ставена во втор план.
„Режим во Киев нема друг начин да преживее. Само со провоцирање на голем конфликт во кој Украина ќе падне во втор план, а Русија и Европа ќе војуваат“, нагласи Полјански, одговарајќи на прашање за ризиците од ескалација.
Според неговите зборови, украинскиот претседател Володимир Зеленски не крие дека е заинтересиран за таков развој на настаните и „ги прекорува своите сојузници и спонзори што не се подготвени да тргнат по тој пат“.
„Затоа суштината на проблемот е да не се премине границата, по што повеќе нема да биде можно да се избегне конфликтот“, заклучи Пољански.
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, неодамна изјави во својот авторски напис „Украина, Европа и глобалната безбедност“ дека Европа се обидува на секој начин да добие време за да достигне целосна борбена готовност за евентуален конфликт со Русија до 2030 година.
Ново на Сител
-

Драстичен скок на цените на нафтата по најновите напади на САД и одговорот на Иран
-

Запален автомобилот на судијата Ѓоко Ристов фатен со заѕидани 350.000 евра
-

Врсничко насилство во Куманово: Девојче опколено во ќош, брутално удирано и влечено за коса
-

Изминатиов викенд направени 1426 сообраќајни прекршоци, уапсени 64 лица за безобѕирно возење
-

Руските безбедносни служби спречиле украински напади врз воени бази длабоко на руска територија
-

Нема укинување на санкциите додека Техеран не се откаже од нуклеарната програма
-

Ѓорческа напредуваше 14. позиции на ВТА рангирањето
-

Убиство во Скопје: Пијан татко ја нападнал сопругата, синот го усмртил со нож
