Положени цвеќиња пред спомениците на АСНОМ, Никола Карев и Методија Андонов-Ченто
По повод големиот македонски државен празник 2 Август на кој се одбележува 72-годишнината од одржувањето на АСНОМ и 113-годишнината од Илинденското востание, делегација на Градот Скопје денеска на повеќе места положија цвеќиња.
Делегацијата на Град Скопје, составена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски положи цвеќиња пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“, пред споменикот на Никола Карев, пред Собранието на Република Македонија и пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“.
Пред спомениците на АСНОМ, на Никола Карев и на Методија Андонов Ченто цвеќиња положија и Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Славески, претставници од Владата и од Собранието на Република Македонија, претставници од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, претставници од Генералштабот на Армијата на Република Македонија, членови на Сојузот на борците, претставници на политички партии, на дипломатскиот кор во нашата земја, здруженија на граѓани и организации.
Ново на Сител
-
Приведен бегалец од затвор
-
По вчерашното невреме: Се поплави „8ми Септември“ - Затворени операционите сали
-
Позната е новата цена на струјата
-
Одложено судењето за случајот со спортските ваучери на АМС
-
100 години „СКОПСКО“ – Секој има своја приказна со „СКОПСКО“
-
Левица со кривична пријава против Африм Гаши, поради неодземањето на мандатот на Талат Џафери
-
Брнабиќ: Курти уште еднаш покажа дека не сака дијалог
-
Приведени двајца кумановци поради кражба