Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
Полска и Канада потпишаа договор кој обезбедува правна рамка за засилена соработка во областа на нуклеарната енергија, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск по средбата со неговиот канадски колега Џастин Трудо.
Полска, која се обидува да ја намали зависноста од јаглен, ја избра корпорацијата „Вестингхаус Електрик“ за да ја изгради својата прва нуклеарна централа на брегот на Балтичкото Море, но нејзиното финансирање сè уште не е целосно јасно.
Сега се подготвува да започне процес на избор на партнер за втора нуклеарна централа.
„Канада е главниот снабдувач на технологија за првата полска нуклеарна централа – „Вестингхаус“ е во сопственост на канадска компанија.
Соработката за малите нуклеарни реактори е исто така многу важна“, рече Туск.
Во 2023 година Полска даде зелено светло за изградба на 24 мали нуклеарни реактори на вкупно шест локации, соопшти „Орлен Синтос Грин Енерџи“, заедничко вложување меѓу најголемата полска нафтена рафинерија „Орлен“ и хемиската компанија „Синтос“.
„Орлен Синтос Грин Енерџи“ планира да ги распореди првите мали реактори во земјата до 2030 година.
Туск денеска изјави и дека на Полска и се потребни нови извори на енергија доколку сака да стане лидер во новите технологии.
Ново на Сител
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1