Полска и Украина ги продолжуваат преговорите за продолжување на коридорот за жито
Полска и Украина денеска ќе ги продолжат преговорите за да се обидат да го рестартираат транзитот на храна и жито, изјави полскиот министер за земјоделство Роберт Телус за државната радио станица PR1.
Двете земји вчера разговараа за забраните од земјите од Централна Источна Европа кои сакаат да ги заштитат своите земјоделци од влијанието на приливот на поевтино украинско жито.
Некои црноморски пристаништа беа блокирани по руската инвазија на Украина, а големи количини украински житарици останаа задржани во Централна Европа поради логистичките тесни грла.
„Разговаравме вчера, тоа беа долги разговори. Денеска, исто така ќе разговараме.Тоа се типични технички разговори за да се најде решение и тој транзит да оди кон Европа“, рече полскиот министер.
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
