Помалку патници во патниот, повеќе во железничкиот и авионскиот
Во патниот патнички национален и меѓународен превоз во првиот квартал годинава се превезени 1.698.000 патници, во железничкиот 166.000, во градско-приградскиот 19.123.000, а во воздухопловниот превоз 343.541 патник, објави Државниот завод за статистика.
Патниот патнички сообраќај во однос на првиот квартал лани бележи намалување од 18,8 проценти, железничкиот има раст од 6,4 проценти, во градско-приградскиот намалување од 3,3, додека воздухопловниот бележи раст од 28,2 отсто.
Во првите три месеци годинава превезена е стока од 8.152.000 тони. Во споредба со првиот квартал лани количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 9,3 отсто, во воздухопловниот пза 35,4 отсто, додека во железничкиот превоз има намалувањето од 21,4 проценти.
Ново на Сител
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено
-
Еден загинат и 27 повредени во судар меѓу автобус и автомобил кај Инџија