Помина рокот за пријавување спорни гласачи, можност за пријавување и пред изборите

Заклучно со вчера до 24:00 часот, истече законскиот рок од 25 дена за пријавување на граѓаните чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список, соопшти Државната изборна комисија.
До истекот на рокот, до Државната изборна комисија, соопштуваат оттаму, доставени се 8.922 пријави. Од нив, 3.620 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 5.302 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.
Државната изборна комисија во моментов работи на изготвување сеопфатен извештај од овој процес, кој ќе биде усвоен на седница на ДИК во текот на претстојната недела. Лицата кои не се пријавија до Државната изборна комисија во овој период, ќе имаат дополнителна можност да се пријават во тек на јавниот увид во Избирачкиот список пред изборите, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
