Попладне и во текот на ноќта нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во текот на попладневните и вечерните часови, како и за време на ноќта, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата на хидрометеоролошки работи.
На поедини места од државата локално се најавуваат поинтензивни поројни врнежи од дожд, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата.
– Доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и паднат за кратко време и ако бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер, можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците, нагласуваат од УХМР.
При такви околности, од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава.
Ново на Сител
-
Матураните со понизок успех од лани - Просечна оценка 3,25 на државната матура
-
Таравари и Клековски во посета на Клиниката за онкологија - Нови вработувања и отворање на нови амбуланти
-
Советот на јавни обвинители против предлогот на премиерот Мицкоски за распуштање
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд