Попладне седница на Главниот штаб за управување со кризи
Главниот штаб за управување со кризи денеска во 16 часот ќе одржи седница на која, како што е најавено, треба да се разгледа Нацрт-акцискиот план за борба против пандемијата што го изготвува Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Согласно Одлуката за кризна состојба, Главниот штаб за управување со кризи синоќа во ЦУК веќе одржа седница. По конкустривна и куса дискусија, соопшти, беше утврдена рамка на активности на институциите во контекст на усвојување акциски план.
Со Главниот штаб раководеше в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, а присуствуваа претставници на субјектите кои се дел од Системот за управување со кризи, назначени согласно Законот за управување со кризи – министерствата за внатрешни работи, за здравство, за транспорт и врски, за одбрана и за надворешни работи и раководителот на Групата за процена, како и раководителот на Итна медицинска помош во Скопје, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на Армијата, Агенцијата за разузнавање, дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Црвениот крст на Република Македонија.
Според ЦУК, донесената Одлука за кризна состојба на територијата на цела држава е во насока на заштита на јавното здравје во услови на пандемија, безбедноста на населението и за спречување на КОВИД-19.
Ново на Сител
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево